ФОТО: Се превртел со автомобилот и влетал на автобуска постојка - двајца во болница

27-годишно момче и 22-годишна девојка се повредени во страшна сообраќајка која се случила вчера околу 21 часот и 30 минути во Белград, во близина на Саемот. Повредените со својот автомобил БМВ излетале од патот откако момчето кое управувало со автомобилот сакало да премине во друга лента, па се судриле со возило марка Опел.

Избегната е голема трагедија бидејќи автомобилот се превртел во близина на автобуска станица каде имало голем број луѓе, пренесува српскиот Курир.

Повредените се пренесени во болница, а се здобиле со повреди на главата, грбот и екстремитетите.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега