Министерката во паника-кој и се заканува?

На потпретседателката и министерка во Владата на Република Србија Зорана Михајловиќ, и се упатуваат закани преку социјалните мрежи, поради тоа што, само таа, гласала за резолуцијата за Сребреница.

Потпретседателката на српската влада и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, е единствена која минатата недела го поддржа текстот на резолуцијата за геноцид за Сребреница, кој Велика Британија го подготви за усвојување во Советот за безбедност на Обединетите нации. Другите министри се изјасниле против. Резолуцијата е предложена пред одбележувањето на 20 години од геноцидот кој силите на војската на Република Србија го направиле над осум илјади бошњачки момчиња и мажи.

Поради гласот- ЗА, како што дознава српски Курир, на министерката и се упатуваат закани преку социјалните мрежи.

 

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега