Еден специјалец убиен двајца повредени во акција против албанската мафија

Во Лазарат, селото на дрогата во Албанија,  организирана криминална група уби еден претставник на специјалната полиција РЕНЕА, додека двајца други полицајци се тешко ранети.

Медиумите кои известуваат од местото на настанот вооружената пресметка ја оценуваат како вистинска војна. Вооружениот инцидент се случил во средата кога поради контроли во селото од снајпер било пукано на полициската контрола.

Од средата попладне селото е под опсада од страна над 400 полицајци соопшти албанското МВР.

Според истиот извор убиството е дело на криминални групи, а албанските медиуми јавуваат дека терористичкиот напад е извршен на криминалци за кои има сомнежи дека имаат врска и со ИСИС. 

Тие поседуваат силно современо оружје. Од вкупно 21 лице кои ги бара полицијата во утринските часови во четвртокот сами се предадени 12 лица, дел од кои изјавиле дека не се членови на бандата и покрај тоа што биле во списокот.

Во селото каде што по доаѓањето на власт на актуелната коалиција предводена од Социјалистите на Еди Рама,  беше извршена пресметка со производителите на дрогата и најголемиот дел на засадените и сокриените  наркотични билки – марихуана беа уништени.

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега