Канческа Милеска отвори сувенирница во центарот на Прилеп

 
Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески денеска во центарот на градот ја отворија сувенирницата, проект на Министерстото за култура за промоција на туристичката понуда.
 
Сувенирницата располага со предмети препознатливи за Прилеп, но и за Македонија и материјал кој ги промовира градот и целата држава.
 
Според министерката Канческа Милеска сувенирницата е дел од проектот на министерството да стави во функција 20 унифицирани монтажно-демонтажни објекти наменети за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал.
 
Во оваа  продавница од денеска сите граѓани и посетители на Прилеп и на Република Македонија ќе имаат одлична можност да купат културно-туристички промотивен материјал што ќе го понесат со себе како автентичен сувенир од нашата земја. Сите заинтересирани тука ќе можат да купат копии од артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Македонија, приврзоци, сложувалки, разгледници. Отворањето на сувенирниците  ќе овозможи поголема промоција на културното богатство на нашата земја во пошироки рамкирече Канческа Милеска.
 
Инаку, освен во Прилеп, досега вкупно се отворени 16 вакви објекти, и тоа во Дојран, Ресен, Крушево, Вевчани, Берово, Битола, на археолошкиот локалитет Стоби, три во Охрид, на граничниот премин Табановце и пет во Скопје.
 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега