ВИДЕО: Елена Ристеска со видеопорака до сите Македонци

В петок забавата на главната бина започнува од 20:30 до 22:30 часот како вечер посветена на неповторливиот македонски народен пејач Јонче Христовски, чиишто песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот „Академци“ под водство  на маестро Сашо Ливрински.

1kratovo.jpg500

Во продолжение на вечерта ќе настапат финалистите од овогодинешниот „Икс-фактор“: Боби Мојсовски, Давид Темелков, Ива Чуриќ и „9Control“, како и нашиот минатогодишен победник и претставник на овогодинешниот избор на „Евровизија“, Даниел Кајмакоски. Оваа вечер на главната бина ќе настапуваат и „Куку леле“.

Забавата за присутните ќе продолжи и после полноќ, на базенот во Кратово, каде што по 01:00 часот ќе настапат  диџеите Бранчез, Жак и Кокс.

Следниот ден дневната програмата продолжува пред платото на Музејот на Град Кратово, каде што ќе настапат: Тамбураши, Чалгии, како и локални музичари.

Потоа настанот се префрлува на главната бина, каде што во вечерните часови од 20:30 ќе настапи етносоставот „Чалгија саунд систем“.

Веднаш потоа е настапот на Елена Ристеска, која ќе биде најава за „Бајага и инструктори“.

И оваа вечер најиздржливите ќе можат да уживаат во забавата на базенот во Кратово, каде што по 01:00 часот за атмосферата ќе бидат задолжени  диџеите Боби и Жак.

Последниот ден, во недела во 12:00 часот напладне пред платото на Музејот на Град Кратово ќе настапуваат хорот и солисти на „Златно славејче“ заедно со својот другар и долгогодишен водител на фестивалот Влатко Илиевски, а по нив манифестацијата ќе продолжи на малата сцена пред домот на културата.

 

 

 

Елена Ристеска Ве кани на Златни Денови Кратово 2015 :)

Posted by Zlatni Denovi Kratovo on четврток, 25 јуни 2015

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега