Хуман гест на Владо Георгиев: Собра 15.000 евра за лекување на српската писателка

Од трите хуманитарни концерти кои Владо Георгиев ги одржа за помош на Исидора Бјелица собра 15.000 евра за нејзиното лекување, а писателката со емотивна порака од болничката постела, многумина ги расплака.

– Ова е мојата шанса, мојот билет за живот, и кога ќе се одбие данокот, ќе можам да ја платам првата терапија, лековите и анализите, престојот во болница… По пет скенери ќе знаеме што понатаму.

За жал ова е долготрајна борба, но благодарение на Владо, на сите луѓе кои беа на концертите, јас имам шанса. Ракот е најлошата спонзоруша, троши без престан, изјави Исидора и додаде:

– Живееме во страшно време, што ако немаш пари за лекување-умираш. Јас сум била на работ да умрам молчешкум, не признавајќи дека по две и пол години немам повеќе пари за лекување, но потоа сфатив дека немам право на тоа поради децата. Така почнав да продавам книги. Уметниците во Србија живеат толку тешко што не им треба ни болест за да бидат сиромашни.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега