Почнува Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“

Во Вевчани вечерва почнува шестата традиционална Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“. На колонијата, која завршува на 10 јули, ќе учествуваат над 30 еминентни ликовни уметници од Република Македонија, но и од Грција, Србија, Египет, Мексико, Монголија, Полска, Франција, Бугарија, Словенија, Романија, Турција и Италија.

Целта на оваа колонија е да претставува простор на обединување на голем број светски признаени уметници, кои инспирирани од убавините на Вевчани и неговите извори, ќе ја промовираат соработката и почитта помеѓу народите и државите и ќе создаваат уметнички дела кои ќе придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување.

До сега на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ учествувале голем број еминентни ликовни уметници. Изминатите години со слики од Колонијата беа организирани поголем број изложби, меѓу кои и во Подгорица - Црна Гора, Софија - Бугарија, како и во Скопје, но и низ други градови во Македонија.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега