ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Ја извлеков внука ми од рацете на мојата мртва ќерка

Балканот е потресен од смртта на младата Драгана која животот го загуби во кобна сообраќајна несреќа додека се враќаше од одмор.

Нејзината ќеркичка тагува по својата мајка иако се уште не знае дека е мртва.

Мајката на жртвата не може да се помири со кобната судбина.

„Драгана љубов моја родена, сонце мое драго. Чекај ме ќерко, јас ќе дојдам. Ве молам само малку, да ја видам последен пат. Чувај ја Боже“, рече мајката Душанка на погребот на нејзината ќерка.

За време на несреќата во која почина младата Драгана, таа во раце ја држела својата мала ќерка.

-Во темницва слушнав како Лана плаче и вика „Бабо, мама“! Бев затрупана со работи и стисната од смачкани делови на автобусот. Ја повикав Драга на ми помогне, но таа не се ни помести. Во тоа време не знаев дека ќерка ми е мртва. Некако ја фатив Лана за рака, ама ја испуштив. Имав чусвтво дека паднала во провалија. Почнав да врескам, се присетува бабата.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега