Масовна рација: Полицијата за 24 часа приведе 1.200 мигранти

Повеќе од 1.200 мигранти се приведени во изминатите 24 часа на териториите на општините Чонград и Бачкишун во Унгарија, соопшти унгарската полиција.

По зимскиот бран бегалци од Косово, ова е прв пат бројот на илегалци за еден ден да биде поголем од илјада.

Приведените мигранти, меѓу кои имаше и стотина деца, главно се Авганистанци, Сиријци и Пакистанци.

Медиумите во Сегедин наведуваат дека вчера околу градот е приметен зголемен број мигранти, па полицијата спровела голема акција и привела 1.140 лица кои не можеле да го докажат легалниот престој во Унгарија.

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега