Падна спортски авион во Хрватска - две лица загинаа

Во пад на спортски авион, што синоќа се урна во морето крај хрватската плажа Ресник, во Каштел Штафилиќ, загинаа две лица, додека третото со тешки телесни повреди е префрелно во сплитската болница  КБЦ, потврди синоќа сплитската полиција објаснувајќи дека дополнително, нуркајќи во морето, го пронашле второто мртво лице кое било заробено во пилотската кабина.

Како што агенцијата Фена дознава од сплитската болница, третото лице од урнатиот авион е тешко повредено, и се наоѓа во животно загрозувачка состојба поради повреди на главата и скршеници по телото.

Агенцијата за истражување несреќи во воздухоплови, и во поморскиот и железничкиот сообраќај, ќе истражува дали е точно, како што велат сведоци на настанот, дека спортскиот авион се урнал заради тоа што претходно удрил во настрешница на блискиот хотел на градската плажа во Каштелите.

Неофицијално се дознава дека се урна школски авион со регистерски ознака „9А ДЛА“, на кој вежбале пилоти од фабриката „European Coastal Airlines“, концесионар што патниците ги превезува на блиските острови. На часот по летање во авионот биле пилот, копилот и инструктор.

Сплитската полиција наведува дека се уште не е утврден идентитетот на настраданите лица и дека се уште го пребаруваат морско дно, за да проверат дали има и други настрадани меѓу оние кои биле на плажата и во морето.

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега