Денеска е Св. маченичка Аквилина

Света Аквилина се роди во градот Вивлос, Палестина, во христијанско семејство. Веќе на свои 10 години таа беше силно утврдена во христијан¬ската вера. Во тоа време започна Диоклецијановиот прогон. Некој ја пријави Аквилина, која тогаш имаше 12 години, на царскиот намесник Волусијан. Волусијан се трудеше да ја одврати Аквилина од Христос, а кога не успеа со зборови, ја стави на маки. После долги и повторувани измачувања св. Аквилина го предаде духот на Бога. Ова сведоштво се случи во 293 година.

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега