Грција и кредиторите добија ултиматум од ЕУ - до сабота да постигнат договор

Европските лидери на крајот од првиот ден од својот самит во Брисел и поставија ултиматум на Грција - до крајот на неделата да постигне спогодба со своите кредитори, со што ќе си дозволи повторно да го добие заемот од над седум милијарди евра и ќе ја избегне инсолветноста, пренесува БТА.

- Сите ние се согласивме дека треба да продолжи работата меѓу Грција и институциите и дека средбата на Еврогрупата во сабота има решавачки карактер, затоа што времето не притиска, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел по завршувањето на 10-часовната дебата со партнерите од ЕУ, собрани на самит во Брисел.

„Според мене оваа средба во сабота е од решавачко значење, затоа што ние сме исправени пред краен рок, изјави францускиот  претседател Франсоа Оланд.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Твитер напиша дека европските лидери сметаат дека Еврогрупата „во сабота ќе го заврши процесот“.

Шефовите на држави и влади од ЕУ одбиваат да бидат арбитер во напрегнатите преговори меѓу Атина и нејзините кредитори (Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија) за реформите и буџетските кастрења, барани од Грција во замена за деблокирање на заемот од 7,2 милијарди евра.

Евентуалното излегување на Грција од еврозоната ќе биде неизбежно доколку Атина и кредиторите не постигнат спогодба во следните пет дена, утринава изјави германскиот еврокомесар, одговарен за дигиталната економија и информатичкото општество, Гинтер Јотингер за радио „Дојчландфунк“.

-Ќе направиме се до 30 јуни Грците да покажат дека се подготвени за реформа, рече Јотингер. „Наша цел не е Грција да излезе од еврозоната, но тоа ќе биде неизбежно доколку не се најде решение во следните пет дена“,забележа германскиот еврокомесар, цитиран од британските медиуми.

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега