Душанка скршена: Немаше да ја закопам ќерка ми ако не направеа грешка од Агенцијата

Плативме за седиште позади возачот, а не сместија на друго место. Да си седевме таму, нашата ќерка ќе беше уште жива. Ова со солзи во очите го раскажува мајката на Драгана, младата мајка која загина во автобусот на смртта.

- Мојата ќерка, мојата единствена ќе беше жива ако агенцијата не направеше грешка. Плативме за 4 повратни карти по 240 евра, и за резервацијата уште 1.800 динари. Мојата ќерка не се расправаше да седне на друго место, туку таму беше сместена, вели 64-годишната Душанка Пупиќ, мајката на Драгана која е скршена од тага. Додава дека тие седишта им требале да имаат поголем простор и удобност бидејќи имаат здравствени проблеми, пишува српскиот Курир.

Кога автобусот удрил, се се срушило врз мајката, стаклото паднало врз неа и таа починала на лице место.

- Да седеше каде што резервиравме немаш сега да биде под земја, мојата ќерка единица ќе беше со мене, вели мајката која во средата си ја закопа единствената ќерка.

Од агенцијата и понатаму молчат за трагедијата.

Инаку, Драгана зад себе ја остави својата осумгодишна ќерка која исто така е тешко повредена.

 

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега