Колкава била просечната плата во април?

Просечната исплатена нето-плата по вработен во април изнесувала 21.746 денари што е зголемување за 2,7 проценти во споредба со тој месец претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сé, на покачувањето на платата во секторите Рударство и вадење камен за 32,9 проценти, Уметност, забава и рекреација за 9,8 проценти и Други услужни дејности за 9,5 проценти. 

Во однос на март, зголемување на нето платата има во секторите Стручни, научни и технички дејности, Транспорт и складирање и кај Информации и комуникации.

Зголемување е забележано и во однос на бруто платата која во април изнесувала 31.939 денари. Таа е зголемена за 2,9 проценти во споредба со тој месец лани. Зголемување има во секторите Рударство и вадење на камен за 32,6 проценти, Други услужни дејности за 10,3 проценти и Уметност, забава и рекреација за 9,9 проценти. 

Во однос на претходниот месец зголемување на бруто платата има во секторите Стручни, научни и технички дејности, Транспорт и складирање и  Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. 

Во април 1,5 проценти од вработените не примиле плата, говорат податоците на Статистика.

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега