Полицијата уапси доцент на медицинскиот факултет - барал поткуп од Македонка

Доцент од Ниш е уапсен од страна на српската полиција, бидејќи барал 200 евра од Македонка за да и ја признае дипломата од медицинскиот факултет од Варна, Бугарија, пишува српскиот медиум Alo.rs.

Доцентот бил член на комисијата за нострификација на дипломите на Медицинскиот факултет во Ниш.

Македонката не ја имала целосно потребната документација, па откако доцентот и ветил дека ќе и ги набави потребните докоменти и дека ќе даде предлог за признавање на дипломата во сенатот на Универзитетот, Македонката го уплатила договорениот износ.

Доцентот кој доставил предлог за признавање на дипломата, се наоѓа во притвор.

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега