СОРОС лаже- Груевски не кажува дека ќе им даде министри на СДСМ

Во интервјуто за Фајненшал Тајмс, никаде не е наведено дека премиерот Никола Груевски кажал дека е подготвен да им даде министри на СДСМ. Македонскиот премиер, меѓу другото, вели дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со огромна разлика.

Она што медиумите на СОРОС го објавуваат во врска со ова интервју е лага.

Единственото кое во овој контекст го изјавува Груевски е дека е отворен за разгледување на позициите на опозицијата за зголемување на нивната супервизорска улога во четири министерства и тоа не прецизира дали од сега или од моменталното распишување на изборите. 

Тој додаде дека таквите компромиси би изградиле доверба за предвремени избори, кои се закажани за во април, на што ЕУ гледа како критичен потег за поширока стабилност во регионот, пишува Курир.

-Подготвени сме да прифатиме голем дел од идеите за да се зголеми довербата на опозицијата пред изборниот процес, изјави Груевски за Фајненшал тајмс.

Во продолжение следува транскрипт од интервјуто на македонскиот премиер за Фајненшал Тајмс

Тензиите во земјата од 2 милиони луѓе се зголеми откако опозицијата во февруари започна со објавување на прислушувани разговори кои зборуваат за корупција, непотизам и местење на избирачки процес.

Брисел ги зголеми напорите да се смири кризата во земјата членка за влез во ЕУ, откако 18 лица беа убиени во престрелка помеѓу македонските безбедносни сили и членовите на албанското малцинство во Куманово.

Десетици илјади луѓе, Македонци и Албанци, излегоа на улица за да протестираат против Владата.

Владата и опозицијата повторно ќе се сретнат во Скопје во понеделник на преговори со посредништво од ЕУ и САД, кои имаат со цел да се решат несогласувањата околу преодната влада.

Зоран Заев, лидер на опозицијата, изјави дека тоа е последната шанса за Груевски да си обезбеди фер избори со тоа што би дал оставка пред самото гласање.

-Ако остане на своето место, ништо нема да се смени. Ако преговорите на 29 јуни не се успешни, нема причина да продолжиме со нив, вели тој.

Но Груевски инсистира дека нема да даде оставка.

-Не се согласуваме на тоа. Граѓаните кажуваат кој ќе биде на власт, а кој во опозиција.

Премиерот, кој е на власт 9 години, вели дека на следните избори ги очекува „голема победа“.

Претставниците на ЕУ истакнуваат дека за изборите ќе бидат потребни врвни надгледувачи за да се спречат обвиненијата за манипулација на изборниот процес и заплашување на гласачите.

-Ги поканувам набљудувачите на ОБСЕ. Колку повеќе дојдат, подобро за нас. Ќе видиме дека се ќе се спроведе на фер и демократски начин, вели Груевски.

И покрај тоа што одби да даде оставка, Груевски изјави дека е отворен опозицијата да добие улоги со моќ за вето во четири најпопуларни министерства: Внатрешни работи, Финансии, Труд и социјална политика и Земјоделство.

Тој исто така истакна дека може да се смени и персоналот на изборниот комитет и да му се обезбедат поголеми надлежности.

Груевски изјави дека престрелката во Куманово нема да предизвика меѓуетнички тензии во Македонија и потенцираше дека се многу далеку од тоа.

Етничките Албанци претставуваат околу 30% од вкупното население во земјата.

Дипломатите се согласуваат дека меѓуетничките тензии не се причина за загриженост.

Сепак, тензиите може да се разгорат доколку опозицијата објави прислушувани разговори во врска со случајот „Монструм“ од 2012 година, кога 6 етнички Албанци беа обвинети за убиство на пет етнички Македонци.

Премиерот вели дека тоа што се случува во Македонија е внатрешна политичка криза, која ќе се реши на политичко ниво.

Медиумите на СОРОС лажат!

Никаде во ова интервју Груевски не вели дека ќе им даде министри на СДСМ. Тој наведува дека во април ќе доживее голема победа бидејќи е уверен во поддршката од народот. Премиерот дури го поканува цело ОБСЕ на светот да дојде и да ги набљудува изборите во Македонија.

За интервју во овој влијателен медиум не може да се лаже. Опозициските медиуми финансирани од СОРОС кои се изгорени од желбата СДСМ да дојде на власт бесрамно лажеа и за оваа тема. По којзнае кој пат тие манипулираат со јавноста, потценувајќи го разумот на народот кој може да го погледне ова интервју.

СОРОС преку своите медиуми шири пропаганда во име на СДСМ, но со тотални измислици кои во оваа вест на медиумот никаде не ги пишува.

ИЗВОР:КУРИР

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега