Полицијата прекинала концерт на Васил Хаџиманов

Концертот на кој вчера вечер во центарот на Лесковац настапувале џезистите Марко Ѓорѓевиќ, Васил Хаџиманов и Бранко Тријиќ е прекинат од полицијата поради бучава неколку минути после полноќ.

Како што јавува југмедиа.рс, концертот се одржувал во рамките на третата, завршна вечер од Друм Дум фестивалот, поради кој Марко Ѓорѓевиќ допатувал од Америка, Настапувал и Семјуел Торес од Колумбија, еден од најдобрите светски перкусионисти.

На изненадување на публиката, свирката е прекината со образложение дека станарите на околните згради се жалат на бучавата.

Сето тоа да биде уште по траги - комично, спонзори на овој единствен фестивал на тапани се Градот Лесковац, Министерството за култура, амбасадата на САД во Србија и компанијата „Актавис“.

 

 
 
 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега