Горан отишол на градилиште за да си го прехрани семејството - починал уште првиот ден

Горан Милосавлевиќ од Ниш загина на градилиште откако паднал од скеле од висина од 16 метри. Ова му бил прв работен ден, а со оваа работа не се бавел никогаш порано. Иако несреќата се случила во четвртокот, неговото семејство дознало дури вчера.

- Го чекавме да се врати од работа, мислевме се задржал бидејќи има многу работа. Заспавме, а потоа се разбудив и му ги побарав чевлите, но видов дека воопшто не се вратил дома. На телефон беше недостапен, но не помислив дека се случило нешто бидејќи тргна со полу празна батерија, раскажува очајната мајка Зорана.

Инаку, иако ова не му била професија, тој се одлучил да работи дополнително за да си го прехрани семејството, а за жал го загуби животот трагично, пишува српскиот Курир.

 

 

Оцени ја веста

27.06.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега