Албанската полиција ја заврши акцијата во Лазарат

Албанската полиција синоќа ја заврши акцијата на апсење во селото Лазарат, каде пред четири дена беше убиен еден полициски специјалец, а двајца беа ранети.

- По четиридневна интензивна потрага, синоќа околу 22 часот уапсени се браќата Арбјон и Албан Алико, главно осомничени за убиството на припадникот на специјалната полициска единица „Ренеа“, Ибрахим Баша. Исто така приведени се и други две лица, со што бројот од 21 лице по кои трагаше полицијата е заокружен, стои во полициското соопштение.

Според полицијата, браќата биле лоцирани со помош на полициски хеликоптери кои ја надлетувале територијата и тоа во подрачјето на местото Кардиќ, по што биле заобиколени, а по преговорите што нивниот татко ги имал со синовите, тие се предале.

Под силно полициско обезбедување се префрлени во Судот за тешки кривични дела во Тирана, а од таму во затворот „302“ исто така во Тирана, кој се смета за еден од најобезбедувани.

Во полицската акција учествуваа 500 припадници на полицијата од редовниот состав, од единицата „Ренеа“ како и онаа за брзо распоредување.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега