Нови детали за автобусот на смртта - вработен раскажува низ каква тортура поминуваат возачите

По страшната сообраќајка која се случи во Србија со автобус кој се враќаше со туристи од Полихроно, се огласија и од Агенцијата. Како што пишува српскиот Курир, вработен во агенцијата вели дека возачите работат постојано, немаат одмор, па не е ни чудо што за жал се случуваат вакви трагедии, бидејќи никој не води сметка за нив.

- Еден вози од шест наутро до 23 часот навечер. Со денови возат без одмор, им кажуваме вицеви за да не заспијат, објаснува еден од вработените.

Тој додава дека во фирмите недостасуваат возачи, па еден работи за тројца.

За потсетување, во страшната несреќа кога возачот заспа зад волан и излета од патот починаа три лица, меѓу кои и мајка на дете.

 

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега