Пукање во Арачиново
Во полициската станица Гази Баба 56-годишниот И.Ј. од Арачиново пријавил дека во текот на вчерашниот ден околу 10 часот во близина на селото Мојанци, пет непознати машки лица вооружени со ловечки пушки и пиштоли, облечени во цивилна облека, испукале неколку куршуми кон него, по што избегале.
56-годишниот маж со Брза помош бил пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“ каде од страна на доктор му била констатирана влезна рана од куршум во пределот на левиот бут, по што е задржан на лекување.
Полицијата трага по сторителите и работи на расветлување на случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа