Сестра си го убила братот со кој ја делела семејната куќа

Полицијата го пронашла мртвото тело на шеесет и две годишен маж во семејната куќа во Доњи Срб, во околината на Задар, Хрватска. Во куќата пристигнале по телефонска дојава од граѓаните денес околу 9 часот и триесет минути. На телото на починатиот има видливи повреди кои упатуваат на насилна смрт.

- На местот на настанот во тек е увид кој ќе ги утврди сите околности на случувањето, а во службените простории на полицијата е доведена жена во врска со ова случување, изјави портпаролот на задарската полиција Елис Жодан.

Неслужбените информации говорат дека сестрата го убила братот со кој ја делела куќата, односно дека го удирала до смрт со засега непознат предмет.

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега