Не планирајте одмор: Метеоролозите носат лоши вести

Времето утре ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе има повремен локален дожд, особено во планинските региони. Попладне во планинските делови ќе има и услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а дневната од 23 до 29 степени.               

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Од пладне ќе има услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе биде 15, а дневната ќе достигне до 28 степени.

 

До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, особено во попладневните часови, кога ќе има и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието. Од четврток ќе преовладува претежно сончево и потопло време, попладне со умерена облачност. 

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега