Нова рунда преговори Груевски - Заев: Оптимист е само Хан

Груевски, Заев, Ахмети и Тачи утре ќе седнат на заедничка маса без Јоханес Хан. Еврокомесарот нема да допатува во Скопје, но постојано ќе биде на линија со лидерите на најголемите политички партии во Македонија.
 
Доколку на утрешната средба преговарачките позиции се доближат, Хан повторно ќе ги повика лидерите на средба во Брисел која најверојатно би се случила следната недела.
 
Договорот од 2 јуни за Брисел е темелот врз кој лидерите треба да изградат компромис во следниот период. Според овој договор опозицијата во транзицискиот период треба да се врати во Собранието, да се спроведат европските препораки, а државната изборна комисија да добие поголеми надлежности до крајот на јули.
 
На разговорите, најавено е и присуство на американскиот амбасадор Бејли и евроамбасадорот Орав. А според дипломатски извори на клучната средба ќе присуствува и белгискиот експерт Петер Ванхут, кој извесен период се обидува да ги доближи зацементираните позиции на Груевски и Заев.
 
Во однос на оваа средба комесарот Хан е оптимист и смета дека има простор да се постигне договор. Познавачите на политичките прилики во Македонија сепак не се оптимисти за утрешната средба, поради одалеченоста на двете страни. 
 
Ристо Никовски, сепак се надева дека ќе провладее одговорноста кон интересите на државата на што лидерите се обврзаа на 2 јуни.
 
За Груевски прифатливи се промени во составот и надлежностите на ДИК, прифаќа опозицијата да добие надзорна улога во МВР, финансии, труд и социјала и земјоделство. Тој исто така ги повика набљудувачите на ОБСЕ да дојдат во што поголем број за да видат дека изборите ќе бидат фер и демократски.

Прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ

Барања на СДСМ

Промени во составот и надлежностите на ДИК

Оставка на Груевски најмалку 6 месеци пред изборите и формирање на преодна влада

Надзорна улога на опозицијата во МВР и министерствата за финансии, труд и социјална политика и земјоделство

Измени во изборното законодавство

Имплементација на препораките на ЕУ и ОБСЕ

Засилен меѓународен мониторинг на изборниот процес

Социјалдемократите велат дека ќе присуствуваат на лидерската, но нема да отстапат од своите барања и главниот услов за техничка влада.
 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега