Мисија на ММФ денеска во Македонија

Тим на Меѓународниот монетарен фонд предводен од Џесмин Рахман од денеска до 8 јули ќе престојува во Скопје со цел спроведување на Годишниот преглед на македонската економија.

Како што соопшти ММФ, тимот на крајот од Мисијата ќе соопшти прелиминарни оценки и ќе го подготви целосниот извештај, кој ќе биде дискутиран на состанок на Извршниот борд на ММФ, чиј датум ќе биде објавен дополнително.

Посетата на тимот на ММФ е дел од редовните активности на Меѓународниот фонд за следење на состојбите со економијата што се вршат во сите 188 земји-членки. 

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега