"Лицето и беше крваво, бебето беше под седиштето" - малата Уна ги довикува мртвиот татко и сестричка

Владимир Имбра и шестмесечната ќерка Лана за жал не ја преживејаа страшната сообраќајка кога на нивното Рено налета камион и ги усмрти, додека неговата сопруга и другата ќерка се тешко повредени. Несреќата се случи во петокот околу 19 часот, а сопругата јелена и неговата 4-годишна ќеркичка Уна не можат да се помират со големата трагедија.

Извор на српскиот Курир близок до истрагата открива дека автомобилот излетал од патот и се превртел на кров. 

- Лицето на жената беше цело во крв, не даваше знаци на живот. Девојченцето се тресеше од страв, и ми кажа дека во автомобилот малото бебенце и е сестричка. Им реков на соседите да го најдат бебето, а тоа беше под седиштата. Ме праша дали се мама и тато живи, вели сведок и додава дека малата Уна останала жива бидејќи седела позади, па ја спасило седиштето.

Според блиските на семејството, се работи за добро и угледно семејство. Мајката и таткото на Владимир се завиени во црно, постојано се под седативи, а сопругата плаченеможејќи да се помири со големата загуба.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега