Мосоковиси: Се уште е можен договор со Грција

Еврокомесарот за економски и монетрани прашања Пјер Московиси смета дека се уште е можно да биде постигнат договор меѓу Грција и нејзините кредитори, пренесе МИА. 

- Вратата на Европската комисија останува отворена за разговори со Грција. Земјата треба да остане во еврозоната, изјави Мосовиси за Француското радио, додавајќи дека иако во моментов не се водат преговири, се уште верува дека е можно да биде постигнат договор.

Според Московиси, Грција и нејзините кредитори дошле „неколку чекори“ од постигнување договор и се уште има маневарски простор да се дојде до него. 

Московиси воедно го повика грчкиот премиер Алексис Ципарс да заокружи „да“ на претстојниот референдум закажан за 5 јули, на кој Грците треба да се изјаснат дали сакаат продолжување на програмата за помош на земјата, во замена за спроведување реформи и мерки на штедење.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега