Легализирани 450 дивоградби во Македонска Каменица

Една третина од поднесените 1.352 барања за легализација на дивоградби на подрачјето на општина Македонска Каменица се решени.Според градоначалникот Дарко Митевски досега се донесени 450 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Најголемиот број од барањата се однесуваат на општинскиот центар Македонска Каменица, но легализација на своите куќи, викендици, гаражи, стопански и други помошни објекти побарале и жителите на селата Луковица, Косевица, Саса, Цера, Дулица, Моштица и Костин Дол.

Од општина Македонска Каменица информираат дека остануваат уште шест месеци до крајниот рок за легализација и очекуваат уште околу 900 подносители да ги поткрепат своите барања со геодетски елаборати. 

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега