Бараките на детската болница во Козле ќе се заменат со нова современа зграда

Почнува уривањето на бараките на детската болница во Козле. Истите ќе бидат заменети со нова современа зграда. Новата болница ќе биде целосно опремена здравствена установа со нов стандард на еднокреветни и двокреветни соби во кои ќе има целосна климатизација.

Медицинскиот персонал од утре ќе работи во други болници, а амбулантскиот дел ќе функционира во поликлиниката „Букурешт“, додека дневната болница е преселена во болницата „8 Септември“.

Сите потешко болни деца ќе бидат упатувани  во клиниката за детски болести.



 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега