За седум години отворени над 6.500 мали бизниси со програмата за Самовработување

Програмата за „Самовработување“ дава одлични резултати. Во период од седум години основани се вкупно 6.775 микробизниси, а вкупниот број лица што директно се вработиле со мерката изнесува 6,885. Како што велат од АВРМ за „Телеграф“, најголем број од лицата што се интересираат за овие програми се млади лица.

- Зголемените можности преку програмата за самовработување успеа да го поттикне претприемачкиот дух кај голем број на млади лица, што се огледа во тоа што 31 отсто од основачите на бизниси се млади лица до 29 години , истакнува за Телеграф директорот на Агенцијата, Влатко Поповски.

Едно од лицата кои на овој начин започнале бизнис, Даниел Стоимилов од Скопје, вели дека најважна е упорноста.

-Треба човек да биде активен, упорен и да се труди да најде работа. Имам работено сè и сешто и никогаш не сум се жалел, ниту, пак, сум се срамел, ако не била некоја високоинтелектуална дејност. Упорноста е битна, вели Даниел, кој инаку е фотограф.

Според податоците, во периодот од седум години, денес се активни околу 70 отсто од вкупниот број новоосновани бизниси. Во фирмите што се активни, пак, регистрирани се дополнителни 2.200 вработувања. Тоа, како што истакнуваат од Агенцијата, е зголемување на бројот на вработени за 39 отсто.

ПОВЕЌЕ НА ТЕЛЕГРАФ.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега