Важна вест за оние кои ќе летуваат во Грција

Грчката Влада синоќа порача дека нема да има ограничувања за странските туристи при повлекувањето пари од банките во земјата, пренесува Танјуг.

Истовремено, властите во Атина одлучија дека туристите кои претстојуваат во Грција и сопствениците на кредитни картички издадени во други земји нема да бидат погодени од мерките за контрола на капиталот.

– Секој кој ќе ја посети или планира да ја посети Грција, нема да биде погоден од мерките за контрола на капиталот кои се воведени пред неколку часа и тие нема да се однесуваат на посетителите кои сакаат да извршат трансакции или да повлечат пари со картичка издадена во нивната земја, се потврдува во соопштението од грчката Влада.

Грчкиот Совет за финансиска стабилност синоќа предложи банките во Грција да останат затворени во следните шест работни дена, а од вторник од банкоматите максимално да може да се повлечат по 60 евра дневно.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас претходно соопшти дека банките одреден период ќе бидат затворени и ги обвини европските партнери и Европската централна банка дека вршат притисок врз Грција.

Тој најави дека ќе биде спроведена контрола на капиталот, откако Грците, на неговиот ненадеен повик на референдум за барањата на кредиторите за реформи со кои се условува финансиската помош за земјата, одговорија со масовно повлекување пари од сметките. Сепак, тој дополни дека тоа нема да ја поколеба Владата да го спроведе најавениот референдум следната недела.

Во Македонија се уште нма препораки, но земјите од регионот, на своите туристи им препорачуваат, ако летуват во Грција, сепак да понесат поголема количина кеш со себе. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега