Се решава деценски проблем во Шуто Оризари

Децениските проблеми со водоснабдувањето на жителите од населбите Шуто Оризари и дел од Скопје Север ќе се решат со изградбата на новиот систем за водоснабдување во општина Шуто Оризари.

Почетокот на градежните работи денеска го означија премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

- Вкупната вредност на проектот изнесува околу 182 милиони денари или околу три милиони евра, со што овој проект е меѓу најголемите и највредните во Град Скопје, потенцира Груевски.

Градежните работи се очекува да завршат наесен 2016 година, а на изградбата на новиот водоснабдителен систем во Шуто Оризари ќе работат екипите на градежната компанија „Хидрострој“ ЈСЦ од Бугарија.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега