Доаѓа пеколен бран: Подгответе се за температури од 40 степени

Вистински топлотен бран доаѓа над Македонија идната недела. Претстојниот викенд ќе стави крај на променливото време проследено со врнежи и грмежи и ќе ни донесе вистински летни температури.
Од понеделник живата во термометарот на одредени места во Македонија ќе надмине 35 степени. Такво време ќе се задржи до крајот на наредната недела а за викендот се најавуваат и температури близу 40тиот степен во јужните делови на земјата.
По пеколниот понеделник во третата недела од јули се очекува ново наоблачување и локални врнежи од дожд кои ќе донесат и значително намалување на температурите во просек од 10 степени.

 

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега