Широк Сокак со нова урбана опрема

Општина Битола и ЈП „Комуналец“-Битола денеска ја претставија новата урбана опрема на улицата Широк Сокак.

Металните жардињери се заменети со жардињери изработени од пресуван гранит и мелен мермер кои се автентични со плочникот на Широк Сокак.

- Новата урбана содржи 25 нови урбани корпи за отпадоци, 100 нови жардињери со различни цветни аранжмани и украсен камен на дрворедот. Цвеќиња се поставени и на канделабрите со што се овозможи еден нов дизајн на Широк Сокак. Со екипи на ЈП „Комуналец“ извршено е и уредување на просторот пред Дом на АРМ кој очекуваме со новата урбанистичка документација и да понудиме ново современо решение во овој дел на градот, посочил градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

За поставување на новата урбана опрема на Широк Сокак, општина Битола и ЈП „Комуналец“ вложија еден милион денари, потврди Зоран Соклевски, директор на ЈП „Комуналец“-Битола.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега