Нова инвестиција на домашната компанија „Брако“ од 4,2 милиони евра

Опрема и нова хала со вредност од 4,2 милиони евра, како и педесет нови вработувања е последната инвестиција во велешката компанија Брако. Инвестициската програма ќе биде реализирана во текот на следните девет месеци, а е предвидено да биде изградена хала од 5.100 квадратни метри и набавка на соодветна опрема.

- Ова несомнено е голем дел од нашата развојна програма со која што имаме за цел зголемување на асортиманот и портфолиото и со тоа проширување на пазарите за пласман на нашите производи. Наше цврсто убедување е дека со инвестирање и вложување во развојот на компанијата, треба да се оди во континуитет без оглед на социо-економските показатели. Минатата година почнавме со производство и извоз на првиот македонски камион што се покажа како многу успешен чекор и забрзано ги освојуваме странските пазари, изјави претседателот на Бордот на директори Кочо Анѓушев, кој додава дека оваа инвестиција е одговор на зголемените барања за нашата компанија, како и подобрување на организацијата и менаџментот на производството.

Со новата опрема, од компанијата очекуваат да одговорат на производните стандарди на европските пазари.

Како специјализирана компанија за производство на жичени и ламаринени-цевкасти производи, медицинските помагала и производи поврзани со телекомуникациската опрема, Брако 96 проценти од целосното производство го извезува  во 19 држави. Брако во моментов има 450 вработени во Велес и 70 во Панчево, а за првите девет месеци од оваа година има зголемен промет за 13 проценти споредбено со минатата година со производство на 30.000 тони финални производи.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега