На продажба пет парцели од Индустриската зона во Карбинци

Денеска Општина Карбинци објави оглас за продажба на пет парцели во Индустриската зона која се простира меѓу селата Таринци и Долни Балван.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов истакна дека парцелите за изградба на индустриски објекти се атрактивни и ги повика инвеститорите да купат парцели, кои се со големина од 1.800 до 2.500 метри  квадратни.

- Парцелите се наменети за лесна и незагадувачка индустрија, ја користам приликата да ги повикам заинтерсираните инвеститори да аплицираат, со цел да овозможиме и да помогнеме во економскиот развој на Општина Крабинци, вели Минов.

Во оваа зона има водовод, канализација, осветлување и во текот на наредниот период ќе асфалтираат и улици во самата Индустриска зона, со што се обезбедени сите услови за инвеститорите.

Минов вели дека во втората односно во Индустриската зона во село Крабинци се продадени четири парцели, од кои и една за Ветеринарна станица

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега