Пороен дожд, грмежи и ветер: Невреме во Македонија

Времето  во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени,  а дневната од 21 до 28 степени.  

Во Скопје променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во првата половина од денот.

Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

И во среда се очекува нестабилност со локален пороен дожд и со грмежи особено во првата половина од денот, а потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури, но ќе дува слаб до умерен северен ветер. 

 

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега