Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за надворешна политика. 

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход, во второ читање и извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за 2014 година. 

Комисијата за надворешна политика треба да се изјасни за ратификациите на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Македонија и Владата на Турција, како и Протоколот за спроведување финансиска помош помеѓу владите на Македонија и на Турција и Протоколот за забрана на употреба на задушувачки, отровни или други гасови и бактериолошки методи на војување, Женева, 17 јуни 1925.

На дневен ред на Комисијата е и Конвенцијата за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународните езера, изменета, и за Договорот меѓу владите на Македонија и на Молдова за полициска соработка.

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега