Дневниот лимит на повлекување готовина во Грција може да биде намален до 20 евра

Дневниот лимит за повлекување пари од банкоматите во Грција наскоро може да биде намален од 60 до 20 евра, со оглед на тоа што банките се обидуваат да останат во чекор со побарувачката, а резервите пресушуваат, тврдат грчките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, многу банкомати вчера останаа без банкноти од 20 евра, што значи дека луѓето можеа да повлечат само 50 евра. Банкарски извори тврдат дека единствниот надзорен механизам на Европската централна банка (ССМ) првично предложил лимит од 20 евра за дневни трансакции, но по притисокот на грчките банки ограничувањето беше ставено на 60 евра.

На пензионерите првично им беше кажано дека ќе можат да повлечат 240 евра неделно, но по синоќешниот состанок во Министерството за финансии со претставници на банките е договорено тие да можат да повлечат само 120 евра неделно.

За таа цел, банките ќе отворат 870 филијали во кои пензионерите ќе можат да подигнат готовина. Пензионерите ќе чекаат надвор од банките и ќе им биде дозволено да влегуваат еден по еден за да ги извршуват нивните трансакции. На лице место ќе бидат присутни и полициски едници.

Во меѓувреме, Министерството за финансии издаде соопштение во кое ги демантира гласините дека ограничувањето на повлекување пари ќе се намали од 60 до 20 евра.

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега