Ако денеска ставите нафта на бензинските во Македонија ќе добиете еден литар повеќе

Доколку денеска ставите бензин на бензинските пумпи во Македонија на резервоар од 50 литри, сопствениците на дизел агрегати ќе заштедат 75 денари во однос на цените кои беа актуелни до полноќ, а од денеска се пониски за 1,5 денари.  Тоа значи дека на резервоар од 50 литри ќе заштедите некаде околу литар и половина нафта, што и не е така малку, особено пред летните одмори. Доколку имате поекономичен автомобил кој на отворен пат троши околу 5 лири на 100 километри, тогаш, со заштедата ќе поминете нешто помалку од 30 километри или би стигнале, некаде на половина пат до Велес.
За сопствениците на бензински агрегати, нема некоја поголема разлика, бидејќи бензинот поевтини само за половина денар. Па така, на резервоар од 50 литри, ќе заштедите околу 25 денари што е доволно за само една третина од литар бензин.
Од полноќ  ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтини  за половина денар и се точи за 71 денар по литар, а за исто толку поевтини и ЕУРОСУПЕР БС-98 кој се продава за 73 денари по литар.
Дизелот поевтини за денар и половина и од полноќ на бензинските пумпи во Македонија  можете да наточите еден литар за 55 денари.  За 1,5 денари поевтини и екстра лесното масло за домаќинство кое се продава по 43,5 денари за литар.

 

 

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега