ЕВН најави исклучувања - каде ќе нема струја?

Корисниците од објектите во околината на црквата „Св. Димитрија“ утре од 8.30 до 14 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 8:30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Благоја Мучето“ од број 37 до број 43.

Од 8:30 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Трифун Хаџи Јанев“ и „Лазар Поп Трајков“. 

Во периодот од 10 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Хелсинки“, „Петре Пирузе“, „Виенска“ и „Партизански Одреди“ од број 99 до 119. Од 14 до 16 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Македонска Војска“. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради технички зафати во електросистемот.

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега