Јункер до Ципрас со предлог за решение во последна минута

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер му предложил на грчкиот премиер Алексис Ципрас решение во последна минута, што може да доведе до постигнување на договор по референдумот во земјата, јави ДПА, повикувајќи се на претставник на ЕК. 

Јункер во телефонски разговор со Ципрас ги објаснил основните рамки за решение во последна минута.

Според извори од ЕК, идејата е Ципрас да го прифати последниот план на кредиторите од сабота и да се ангажира да ги повика Грците да го одобрат овој текст на референдумот во недела, на 5 јули. Тоа ќе овозможи да се свика средба на Еврогрупата. 

Ципрас се уште го разгледува последниот предлог на Јункер, пишува денеска грчкиот весник „Катимерини“, пренесува ТАСС.

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега