Заев ќе седне на обвинителна клупа

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 кој постапуваше во постапка за оценка на обвинителниот акт за случајот „Пуч“, каде четвртообвинет е лидерот на опозицијата Зоран Заев, ги отфрли  како несоновани приговорите поднесени од страна на одбраната и донесе одлука со која обвинителниот акт се одобрува во целост. Од Судот за Академик.мк  велат дека за терминот за стартот главна расправа, јавноста ќе биде благовремено информирана.

Првообвинет е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, кој се товари за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и за помагање во насилство спрема претставници од највисоки државни органи.

Второобвинетиот, Ѓорѓи Лазаревски, техничар во УБК  е обвинет за поттикнување неовластено прислушување и тонско снимање и помагање при делото шпионажа.

Сопругата на Верушевски, Соња Верушевска е обвинета за помагање при шпионажа. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е четвртообвинет, се товари за насилство спрема претставници на највисоките државни органи од чл.311 в.в чл.24 од Кривичниот законик, односно за кривично дело сторено во обид.

 

Петтообвинетиот, Бранко Палифоров, вработен во Општина Струмица е обвинет за помагање при кривичното дело насилство спрема највисоките државни органи.

 

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега