Ме тепаше по рацете и нозете и кога бев бремена - потресна исповед на сопругата на убиецот од Грац

Потресна исповед на сопругата на убиецот Ален Ризвановиќ кој изврши масакр во центарот на Грац. 

- Мојата работа беше само да готвам, да чистам и да внимавам на децата. Ме тепаше по рацете и нозете, дури и кога бев бремена. Надвор не смеев да излегувам без него или неговите мајка и татко. Можев да излезам и кога неговиот татко беше надвор. Се чувствував како затвореник, без никакви права, ми ги одзема и мобилниот и пасошот, вели Елена Ризвановиќ.

Таа и Ален се запознале преку интернет, а потоа тој и праќал прекрасни љубовни пораки.

Откако се допишувале подолго време, таа пред четири години од Босна се преселила кај него во Карсдорф кај Грац. Веќе од првата година од бракот тој станал насилен.

- Инсистираше да носам марама, а еднаш во Босна впери пиштол во мене и ми се закани дека ќе ме убие и ќе ме фрли во река. Се закануваше дека ќе плати некој да ги убие брат ми, татко ми и мајка ми, објаснила Елена со солзи на лицето.

Кога таа побарала развод, тој започнал да станува исклучително насилен.

Започнал да ја тепа најбрутално, сè додека не ѝ се јавила на својата мајка, која го пријавила во полиција.

Откако го пријавила во полиција, Ален морал да се пресели и му бил забранет пристап до семејството, а  Елена со синовите заминала во безбедна куќа.

Три седмици подоцна Ризвановиќ го извршил масакрот во центарот на Грац, кога со својот автомобил и нож усмртил три лица и повредил уште 34 лица. 

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега