Дење полагаат испити, ноќе имаат секс за пари: Мојот прв клиент беше колку мојот татко!

Цвета проституцијата во Хрватска, бројката се уште не може точно да се утврди но секоја година зема се поголем замав. Со оваа „работа“ најчесто се занимаваат студентките, тие работата најчесто сами без макроа само за да не им земаат процент од заработувачката. 

Студентка Маја (21) од Загреб, згодна, скромна, но жешка во кревет бара господин за огнено дружење. Јавете се на 091xxxxxx, вака гласи еден оглас во Хрватска. 

Маја вели дека има свој стан и дека услугите ги наплаќа 130 евра по час. Цената за една вечер со Маја (од 23 часот до 10 часот наутро) е 700 евра.

Се со цел полицијата да не им влезе во траг, огласот е активен само неколку часа - најдолго еден ден, а потоа истиот исчезнува и се поставува нов во кој Маја не е веќе Маја, туку Елена.

Маја раскажува дека на почетокот таа го продавала своето тело само за да си купи една зелена маица која многу и се допаѓала а немала пари за истата. Таа вели дека најголемата причина што започнала со оваа работа е сиромаштијата, но подоцна кога видела  кога видела дека парите го прават животот поудобен решила да и се препушти на алчноста. Денес таа вели дека виновни за нејзиниот избор се неиживеаното детство во конзервативна средина.

-Кога почнав со студиите бев срамежливо девојче. Оддеднаш се најдов сама, далеку од родителска грижа. Веднаш забележав што прават другите студентки и како доаѓаат до пари за удобен живот. Сфатив дека сега можам да го правам сето она што порано не сум смеела да го правам - поради околината но и поради себе. Под светлата на големиот град можев да го допрам и небото но и дното. Од инает но и поради одмазда сакав да испитам дали сите мажи се исти. Најпрвин ми се понуди сопственикот на омилениот бутик кој беше врсник на татко ми. Што да ви кажам освен дека тој беше без ронка срам а јас попустлива. Завршив во неговиот кревет. Назад не можев. Тоа беше мојот прв платен секс, т.е секс за една зелена кошула, раскажала поранешната студентка или како што за себе вели вистинска ку*ва.

Клиентите за секс ги наоѓа по препорака или на интернет. Вели најчести се бизнисмените на кои парите не им се проблем.

-Тие ми плаќаа за секс, а јас сакав пари. Мислев дека сонувам. Секс за пари е вистинско задоволство, но и понижување. Знаев дека ме искористуваат, но верувајте ми јас така не се чувствував. Јас ги искористував нив. Интересот на моите клиенти беше да го добијат моето тело. Мојот интерес беше да ги понижам што повеќе и да им земам што повеќе. Им грабав се што ми доаѓаше при рака. За половина час им наплатував по 400 до 500 евра. Еден клиент на денот пред неговата венчавка ми плати 900 евра, додала таа

Маја вели дека не знае во животот со колку мажи спиела, но дека за тие 10 години заработила доволно и сега работи нормална работа. 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега