„Нема начин“ Еврогрупата да и даде пари на Грција за да го врати долгот кон ММФ

„Нема начин“ министрите за финансии од еврозоната да и дадат пари на Грција за до полноќ (22 часот по Гринич) таа да го исплати тоа што го должи пред Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави попладнево претставник на еврозоната, цитиран од британските медиуми.

За вечерва во Брисел е закажана вонредна телеконференциска седница на Еврогрупата за грчката должничка криза.

Министрите за финансии ќе го разгледаат последниот предлог на Атина за двегодишно пролонгирање на нејзината спасувачка програма и преструктурирање на нејзиниот долг.

Друг претставник на еврозоната, запознат со оваа жешко прашање, исто така, изјави дека не може да стане ни збор за итно одобрување средства.

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега