Седници на три собраниски седници

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство и за транспорт, врски и екологија. 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледа Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за здравство се Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за хемикалии, во второ читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и на Законот за јавните патишта, во второ читање, и измените и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во прво читање.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега