Трагедија: Младо момче си го уби најдобриот другар

Младо момче е убиено вчера вечерта, по меѓусебно пукање во Подгорица, Црна Гора.

Двете момчиња седеле на иста маса во кафич, кога во еден момент почнале да се расправаат, ги извадиле пиштолите и пукале еден во друг.

Лука Милиќ, кој има 25 години, по пукањето е пренесен во болница, каде подлегнал на повредите, а 24-годишниот Немања Видмар е тешко повреден и докторите се борат за неговиот живот.

Според очевидците Лука останал да лежи ранет во локалот, а Немања се обидел да побегне, но за брзо паднал на земја.

Црногорските медиуми пишуваат дека со нив имало и друго лице, кое по пукањето ги зело пиштолите и побегнало.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега