ММФ потврди: Грција не ја плати ратата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) потврди дека Грција не му платила рата во вредност од 1,5 милијарди евра што му ја должи и стана првата развиена економија со заостанат долг кон оваа институција, пренесе МИА.

Неплатената рата, најголема во историјата на Фондот, значи банкорт кон ММФ.

 

Портпаролот на Фондот Гери Рајс изјави дека Грција од сега ќе може да добива кредити од Фондот само откако ќе ги расчисти своите обврски.

Откако ноќеска на полноќ истече и програмата за спас на Грција, земјата повеќе нема пристап до пари од фондовите и не може да ги плати долговите кон ММФ.

Грција годинава во касата на ММФ треба да уплати вкупно 5,4 милијарди ера, од вкупниот долг од околу 21 милијарда евра. Следната рата од 284 милиони евра треба да биде уплатена на 1 август.

Грчкиот вицепремиер Јанис Драгасакис синоќа изјави дека Атина побарала од Меѓународниот монетарен фонд одложување на исплатата на долгот до ноември годинава. Рајс потврди дека Грција во последна минута побарала одлагање на плаќањето и додаде дека ММФ почнал да ја разгледува таа молба. 

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега