УНХЦР: Бегалци и мигранти го преплавуваат Балканот, 1.000 нови дневно

Бегалци и имигранти навлегуваат на Западен Балкан од Грција каде од почетокот на јуни преку илјада луѓе секој ден преминуваат во обид да стигнат кон Западна Европа, соопшти Брајан Хансфорд, портпарол на УНХЦР.

- Тоа е регионален проблем што бара регионален одговор и регионална солидарност, истакна Хансфорд.

Тој додаде дека бројот на бегалци и мигранти во Европа во првите шест месеци од 2015 година е зголемен за повеќе од 80 отсто во однос на истиот период лани.

- Како што расте бројот на мигранти така капацитетите и условите за нивни прифаќање се неадекватни....Луѓе во очај посегнуваат по очајни мерки и за жал, се очекува нивниот број да продолжи да расте, истакна Хансфорд. 

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега